Во Ресен 9% излезност до 10 часот

Од:

Девет проценти од регистрираните гласачи во единствениот избирачки список во општина Ресен до 10 часот го оствариле своето граѓанско право.

Претседателот на Општинската изборна комисија Сашо Пецалевски информира дека од 16.562 регистрирани гласачи на 50 избирачки места до 10 часот гласале 1.515 лица.

Изборниот процес, според него, се одвива нормално, а така очекува да остане до крајот.

– Досега немаме информација за проблеми во избирачките одбори. Очекуваме мирно и регуларно да завршат изборите, изјави Пецалевски.

Во општина Ресен гласањето почна навреме, во 7 часот утрово.

Би можело да ве интересира

Хан во Скопје на средби со политичките лидери

Ана Ололовска

Рама: Не е важно кој ќе формира влада, туку албанската платформа

Ана Ололовска

Средба на ДИК и МОСТ по повод Денот на изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Иванов: Ќе го дадам мандатот на тој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник

А1он

Ванхауте: Втора рунда во Македонија – Груевски не направи здрав компромис со Албанците

Наум Локоски

Ивановски: Иванов уште денеска треба да му го предаде мандатот на СДСМ

А1он