Во Ранковце од пријавените 34, гласале 31 болно и изнемоштено лице

Од:

Во општина Ранковце заврши гласањето на болни и изнемоштени лица, а од вкупно пријавените 34, гласале 31 лице.

Како што информира претседателот на Општинската изборна комисија, Даниел Крстевски, материјалите се доставени до ОИК.

– Изборниот материјал во Општината е примен навреме, избирачките материјали и кутии се доставени до избирачките одбори на сите 13 избирачки места и се е подготвено за утрешниот референдум, изјави Крстевски.

Во општина Ранковце право на глас имаат 3.016 гласачи кои своето избирачко право на утрешниот референдум можат да го остварат на 13 избирачки места.

Би можело да ве интересира

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на бројот на жители на 10 милиони

A1on

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Референдум во Република Српска на 25 октомври

Словенија одлучува: Или остануваме и ја плаќаме членарината или го напуштаме НАТО