Во Радожда одземени 175 рибарски мрежи

Од:

Во вчерашната акција во Радожда, организирана од страна на охридската полиција во една од куќите се пронајдени и одземени вкупно 175 броја на разни видови рибарски мрежи со вкупна должина од околу 9000 метри. Кај 68 годишниот жител на Радожда, пронајдени биле и 8 килограми охридска белвица и 3 килограми охридски крап.

Риболовниот алат и рибите полицијата ги предала на Државниот инспекторат за земјоделство од Охрид за понатамошно процесуирање на предметот.

Против 68 годишниот жител ќе биде поднесена пријава, а државниот инспекторат за земјоделство и полицијата најавуваат дека во наредниот период ќе има засилен надзор на сите што купуваат или продаваат мрежи спротивно на Законот за рибарство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка