Во Радовишко пронајдена поголема количина огревни дрва без документација

Од:

Вчера вечер, околу 21.20 часот во дворното место на Т.Ј. во село Дедино, радовишко, полициски службеници од ОВР Радовиш пронашле товарно возило „ман“ со радовишки регистарски ознаки, натоварено со 11 кубни метри огревни дрва, извести МВР.

– Притоа, во координација со Шумска полиција Радовиш било утврдено дека лицето не поседува соодветна документација за огревните дрва, по што товарното возило и дрвата биле одземени и пренесени во кругот на Јавното претпријатие „Национални шуми“ – подружница „Плачковица“ Радовиш за натамошна постапка, соопшти МВР.

– Нешто пред тоа, во 10.40 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш во координација со вработени од Шумска полиција Радовиш извршиле контрола и во дворно место на У.Д.(53) од село Коџалија, радовишко, пронашле поголема количина дабови огревни дрва. При контролата било утврдено дека лицето не поседува соодветна документација за 4 кубни метри огревни дрва, по што тие биле одземени и пренесени во кругот на Јавното претпријатие „Национални шуми“ подружница „Плачковица“ Радовиш за натамошна постапка, додаваат од МВР.

По документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби