Во Радовиш засега нема позитивни на коронавирус

Од:

Според извештаите на Центарот за јавно здравје од Штип сите тестирани лица од Радовишко во перидот од 25 до 30 март се негативни, информираше денеска градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов.

На територијата на оштината 15 лица се под контрола, од кои 13 се во самоизолација, а две се со решение на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

-Како општина постојано преземаме мерки во наша надлежност. ЈП „Плаваја“ поставува два системи за дезинфекција на возила на влезот во градот на булеварот и влезот од кај село Раклиш, а се очекува и набавка на трет систем за влезот кај „Јака Табак“, а се врши и редовна дезинфекција на јавните површини. Општината обезбеди и 120 прехранбени пакети, кои се поделени на ранливите категории граѓани заедно со мобилниот тим на Црвениот крст, додаде градоначалникот Конзулов.

До Основното јавно обвинителство во Радовиш се поднесени 12 кривични пријави за граѓани кои не ги почитувале мерките за забрана за движење за периодот од 20 до 26 март.

Би можело да ве интересира

Изгореа деловен објект и помошна просторија во Радовиш

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Уапсен маж од радовишко, предизвикал пожар кај „Раклишки чаири“

Радовишко село цел месец без вода: Не се издржува на овие топлини, сила немаме

(ВИДЕО) Хаос на турнир во мал фудбал во Радовиш: Општа тепачка, боскови, летаат столчиња

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов