Во Радовиш од утре се затвора Градскиот пазар

Од:

Штабот за заштита и спасување на општина Радовиш одлучи Градскиот пазар од утре да се затвори заради спречување на ширењето на коронавирусот, информираше градоначалникот Герасим Конзулов.

– Покрај тоа, донесовме одлука за набавка на четири пумпи за дезинфекција на улици, јавни површини, детски игралишта и урбана опрема, како и набавка на дезинфекциски и заштитни средства за колективна и лична употреба, додаде Конзулов.

Изминатите денови е извршена и дезинфекција на влезови и скалите во повеќе колективни станбени објекти во Радовиш, а мобилни тимови од Црвениот крст-Радовиш заедно со лица од Општината, во соработка со Центарот за социјални работи, им доставија пакети со неопходни прехранбени и хигиенско-дезинфекциски средства на ранливи категории лица кои се во изолација.

Би можело да ве интересира

Изгореа деловен објект и помошна просторија во Радовиш

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Уапсен маж од радовишко, предизвикал пожар кај „Раклишки чаири“

Радовишко село цел месец без вода: Не се издржува на овие топлини, сила немаме

(ВИДЕО) Хаос на турнир во мал фудбал во Радовиш: Општа тепачка, боскови, летаат столчиња

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов