Во Радовиш излечени четворицата пациенти заболени од коронавирус

Од:

Утринава добивме информација од Центарот за јавно здравје-Штип дека по спроведените дополнителни тестови четворицата наши сограѓани се негативни на Ковид-19, информираше градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов.

-Тоа значи дека моментно во градот и населените места нема заболени лица од коронавирусот. Лицата, кај кои претходно беше позитивен наодот за Ковид-19, на 24 април ќе добијат решение за престанок на периодот за изолација и ќе можат слободно да се вратат на своите нормални активности, додаде градоначалникот Конзулов.

Апелира граѓаните да продолжат и понатаму да се придржуваат до мерките и препораките од надлежните институции за заштита од коронавирус, да носат заштитна опрема, како и да држат безбедно растојание.

Би можело да ве интересира

Изгореа деловен објект и помошна просторија во Радовиш

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Уапсен маж од радовишко, предизвикал пожар кај „Раклишки чаири“

Радовишко село цел месец без вода: Не се издржува на овие топлини, сила немаме

(ВИДЕО) Хаос на турнир во мал фудбал во Радовиш: Општа тепачка, боскови, летаат столчиња

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов