Во Радовиш 11 лица не го почитувале полицискиот час

Од:

Радовишкото обвинителство обвини 11 лица за непочитување на одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, соопштија од Јавното обвинителство.

– Еден од нив пеш, а другите со возила се движеле во Радовиш и околината, со што  не постапилe според мерките за спречување на појава, рано откривање, спречување на ширење или сузбивање на заразната болест  предизвикана од коронавирусот, информираат од Јавното обвинителство.

Заради стореното кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време нa епидемија, Основното јавно обвинителство Радовиш до судот  поднесе предлози за издавање казнени налози за сите обвинети со предлог да им биде изречена парична казна во висина од по 100 дневни глоби.​​

Би можело да ве интересира

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за раководно службено лице во Општина Радовиш

Кривична пријава за обид за убиство во Радовиш

Ангелов: Пожарот во близина на Радовиш веќе ставен под контрола, активни 15 пожари

Нов пожар на местото на досегашниот кај Радовиш

Гром удри во две момчиња во Радовиш, 20-годишно момче загина, неговиот другар повреден

Анита Петровска Рајковиќ

Изгореа деловен објект и помошна просторија во Радовиш