Осоговските планини се идентификувани како приоритетни за заштита во источниот дел од државата. Природните, заедно со културните и историските вредности, кои во Осоговските планини се сочувани во карактеристични форми, претставуваат значаен потенцијал за одржлив развој на овој регион.
Ова природно богагство е од големо значење не само за нашата држава, туку и за цела Европа, истакна на денешната трибина „Загубите и предностите од прогласување на Осоговските Планини за заштитено подрачје“ што се одржа во Пробиштип, Соња Лепиткова претседател на Централната комисија за животна средина на ВМРО-ДПМНЕ.
– Искористувањето на можностите со кои располага Осоговскиот регион се наметнува како неопходен предизвик за заштита на природните вредности и реткости, како и истовремено овозможување на економски активности кое може преку утврдување на намената на пооделните подрачја, односно утврдување на зони, рече Лепиткова.
Како основни цели кои ќе се утврдуваат, истакна Лепиткова, е предлогот за формирање заштитено подрачје-Осоговски Планини, во кои активности ќе се вклучи и УНЕСКО.