Во притвор седуммина уапсени од случајот „Удар”

Од:

Во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, вчера, беа спроведени 11 лица, од кои дел осомничени за кривичните дела Злосторничко здружување и Злоупотреба на службена положба, а дел и за Изнуда, Лихварство и Криумчарење мигранти како и предлог од ОЈО за Организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување.

Судија на претходна постапка при овој суд, по разгледување на обвинителниот предлог, ценење на доказите и фактите приложени во предлогот како и сослушување на осомничените, утврди дека:

За осомничените – С.И., Н.И., Б.И., Ш.И., А.Н., А.А. и М.С. постојат околностите за опредлеување мерка притвор од чл. 165, ст. 1, 2 и 3 односно опасност да се даде во бегство, околности кои укажуваат дека може да ја попречуват кривичната постапка и страв да не го повторат кривичното дело, па затоа на сите 7 осомничени им опредлеи мерка притвор во траење од 30 дена.

На осомничените И.Г., И.Џ. и М.С и определи мерки за претпазливост, односно одземање на патна исправа и забрана за нејзино издавање, обврска повремено да се јавува во судот и забрана да не го напушта живеалиштето.

На осомничениот А.Д. му определи мерка куќен притвор.

За едно лице кое е недостапно на органите за прогон издадена е наредба за приведување.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски