Во Припор, Усје, Пинтија и Стаклара-Каменик се собира кабаст отпад

Од:

Активностите на Општина Кисела Вода и ЈП „Комунална хигиена“ за собирање на кабаст отпад и електрoнска опрема продолжуваат да се одвиваат на територијата на локалната самоуправа.

Во моментов во месните заедници: Припор, Усје, Пинтија и Стаклара-Каменик се собира кабаст отпад, се расчистуваат отпадоците од јавните површини, се средуваат омилените игралишта на најмладите, а се кастрат и гранките на дрвјата и грмушките. Акцијата во истите месни заедници ќе продолжи и утре.

Општина Кисела Вода информира дека кабастиот отпад граѓаните треба да го одложуваат до 11:00 часот покрај своите домови, на тротоарите, но пред се потребно е да внимаваат истиот да не го попречува движењето на пешаците. Одлагањето на отпад после опредeленото време е забрането.

Минатата седмица во урбаните заедници Расадник и Кисела Вода собрани беа околу 5 тони кабаст отпад.

Би можело да ве интересира

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

Поништена одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче, информира Ѓорѓиевски

A1on

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода