Во прилепската болница има два смртни случаи од интерхоспитална бактерија, Обвинителството отвори предмет

Од:

Основното јавно обвинителство Прилеп по допрен глас оформи предмет по информациите за смрт на две лица во ЈЗУ Општа болница Прилеп – жена на возраст од 48 години и непознато машко лице кај кои биле извршени оперативни зафати по што добиле интерхоспитална бактерија од која починале. Според сознанијата, веднаш по овие случаи сите оперативни сали во болницата биле затворени.

Исто така, Основното јавно обвинителство Прилеп постапува и по добиена информација преку допрен глас за несовесно лекување на лице на возраст од 30 години на Одделот за неврологија при ЈЗУ Општа болница Прилеп. Пациентот наводно бил лекуван десетина дена со погрешна дијагноза.

Со цел да ги провери овие информации и евентуална кривична одговорност, надлежен јавен обвинител издаде барања за прибавување на целокупната писмена документација во врска со овие случаи од Државниот санитарен и здравствен инспекторат Прилеп и од ЈЗУ Општа болница Прилеп. Издадена е и наредба до МВР – ОВР Прилеп да изврши информативни разговори со службени лица во болницата, со роднини и блиски лица на пациентите. По извршените проверки ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за натамошниот тек на постапката.​​

Би можело да ве интересира

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он

Барање за подготвителна постапка против малолетник за убиството на дете во Прилеп