Во Прилеп се затвора Градскиот пазар

Од:

Дезинфекција на јавните површини, установите и станбените згради, на четирите влеза во градот и на автомобилите, како и затворање на Градскиот пазар, еден од најголемите во регионот, се најновите мерки што се спроведуваат во Прилеп по препорака на Кризниот штаб.

Во Градскиот пазар се собира стоката на околу 200 пазарџии и се очекува од утре целосно да биде затворен.

Николче Трајкоски, претставник на пазарџиите, вели дека одржале состанок со ЈКП „Пазари“ и дека најважно е здравјето на сите, иако има штети што ги трпат пазарџиите.

– Се собира стоката од прилепскиот пазар. Бевме на состанок со директорот на ЈКП „Пазари“. Во текот на денот да се дособерат производите и од утре дефинитивно да се затвори пазарот. Тоа е тоа. Вонредни се состојбите и поради нашето здравје и здравјето на граѓаните мора да седиме дома. Но, факт е дека ќе има штета. Кај пет-шест поголеми тезги, секоја ќе има штети од 500 до 1000 евра, што значи неколку илјади евра, изјави Трајкоски.

Градот денеска активно вршеше дезинфекција на јавните површини. Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски апелира до граѓаните да не се создава паника и да се придржуваат до сите мерки.

– Дезинфицирани се основните и средните училишта, детските градинки. Во Домот за стари лица од денес се дезинфицираат сите површини, влезовите во станбените и другите згради. Не функционира градскиот превоз, а се затвора и Градскиот пазар. Апелирам граѓаните да не се вознемируваат и да ги почитуваат мерките, вели Јованоски.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска