Во Прилеп се одржува манифестацијата „Сите на велосипед“

Од:

Во Прилеп денеска по осми пат се одржува манифестацијата „Сите на велосипед“. Учествуваат учениците од основните училишта од градот.

Во рекреативната трка младите тргнаа од центарот на градот до спортскиот аеродром во селото Мало Коњари, во должина од 5-6 километри.

Организатори на манифестацијата се велосипедскиот клуб „Илинден“ и локалната самоуправа.

– Целта е да се развива спортскиот дух кај младите, живот во здрава средина и продолжување на традицијата за возење велосипед, изјави градоначалникот Марјан Ристески.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Попоски: На Прилеп му се случува невидена градежна офанзива, ама неа се уште никој не ја видел

Горан Наумовски

Во Прилеп свечено отворен 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

Предраг Петровиќ

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Маж падна во провалија, со тешки повреди згрижен е во прилепската болница

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница