Во Прилеп се одржа традиционалната велосипедска трка „Сите на велосипед“

Од:

По повод Денот на сесловенските просветители „Свети Кирил и Методиј“ денеска во Прилеп, по 12 пат се одржа традиционалната велосипедска трка „Сите на велосипед“.

Околу 300 учесници ја стартуваа оваа велосипедска тура од 20 километри од центарот на Прилеп. Организатор на оваа традиционална трка е прилепскиот велосипедски клуб „Илинден“.

Според Драган Димитриоски, претседател на клубот „Илинден“, целта на трката е да се промовира велосипедот како еколошко и најприфатливо средство за патување кое не ја загадува животната средина.

– Традиционално по 12-ти пат велосипедскиот клуб „Илинден“ од Прилеп, во соработка со општината, еве втора година и во соработка со општина Кривогаштани, со Сојузот на училишни спортови на Прилеп и со велосипедската федерација на Македонија ја организира манифестацијата „Сите на велосипед“ по повод големиот христијански празник „Св. Кирил и Методиј“. Трката е од ревијален карактер и нема победници. Целта е да се промовира велосипедизмот како спорт, рече Димитриоски.

Прилепскиот градоначалник Марјан Ристески ја отвори трката и им посака успешна трка на учесниците.

– Оваа трка нема натпреварувачки карактер, едноставно, целта е да се учествува и да се промовира велосипедот како едно од основните превозни средства и што повеќе млади да се занимаваат со овој спорт, рече Ристески.

По стартот учесниците возеа до населеното место Мало Коњари и назад во градот. Во трката се приклучија и велосипедисти од Кривогаштани. На спортскиот аеродром во Мало Коњари беа доделени традиционалните награди за најмладиот и најстариот учесник на трката од двете општини.

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај