Во Прилеп профункционира градскиот сообраќај

Од:

Во Прилеп денеска почна да функционира првиот организиран градски сообраќај. Од 6.30 часот автобусите почнаа да ги возат прилепчани до одредена дестинација.

– Градскиот сообраќај профункционира непречено. На три линии во градот кои ги опфаќаат главните дестинации, возат 6 автобуси. За почеток, додека да се навикнат граѓаните, тие се на еден час, а вообичаено автобусите од вторник ќе возат на секој половина час, вели Бранко Нешкоски, раководител на Јавното претпријатие за урбанистичко планирање во локалната самоуправа, во чиј состав ќе биде одделението за градски превоз.

За велигденските празници, овие три дена и наредниот викенд за изборите превозот ќе биде бесплатен. Инаку, билетот чини 20 денари, а има поволности со дневни, викенд, месечни и годишни билети.

– Дневниот билет е 50, викенд билетот е 120, неделниот 250, месечниот 600, а годишниот билет е 6.000 денари. Поволности има за учениците и студентите за кои месечниот билет е 350 денари, а бесплатно е за лицата со посебни потреби, вели Нешкоски.

Во иднина ќе се вклучат уште две линии со 5 автобуси, ќе се опфатат и населените места. Локалните власти преку флаери ги запознаваат жителите како ќе се одвива превозот и за постојките во градот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Попоски: На Прилеп му се случува невидена градежна офанзива, ама неа се уште никој не ја видел

Горан Наумовски

Во Прилеп свечено отворен 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

Предраг Петровиќ

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Маж падна во провалија, со тешки повреди згрижен е во прилепската болница

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница