Во Прилеп одбележани 100 години од раѓањето на народниот херој Мирче Ацев

Од:

Со полагање свежи цвеќиња на Могилата на непобедените, на спомен обележјата во касарната и во Гимназијата, како и со свечена академија во библиотеката „Борка Талески“, денеска во Прилеп беа одбележани 100 години од раѓањето на народниот херој Мирче Ацев.

На свечената академија говорејќи за ликот и делото на Мирче Ацев, професор д-р Ѓорѓи Малкоски истакна дека Ацев е еден од најистакнатите револуционери од поновата историја на македонскиот народ, односно од Народноослободителната борба.

– Мирче Ацев е великан. Тој е целосно се посвети во борбата за слобода на македонскиот народ и на создавањето на македонската држава. Неговиот револуционерен пат, иако кус, беше испреплетен со борбени активности и цела за који се бореше – слободна Македонија, не ја доживеа, но ја доживеа следните генерации. Тој секогаш велеше: „Државата ќе се создаде, но проблемот е како да се зачува“. Затоа, аманетот на овие генерации е да се зачува македонската нација, самобитност, јазикот, историјата, нагласи професорот Малкоски.

Градоначалникот Марјан Ристески најави дека следната година во чест на Мирче Ацев ќе биде поставено спомен обележје и тој ќе го добие заслуженото место како и другите херои.

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај