Во Прилеп одбележан светскиот ден на децата со даунов синдром

Од:

Во прилепското основно училиште „Климент Охридски“ кое има и посебни паралелки денеска се одбележа Светскиот ден на децата со даунов синдром, при што се спроведе и хумана акција.

Според Рената Андоноска, наставник-дефектолог во училиштето настава следат шест деца со даунов синдром, три во обичните, и уште три деца во посебните паралелки. Програмата според која работат, вели треба да се приспособи.

– Во посебните паралелки се три дечиња со даунов синдром. Две се во второ одделение на возраст од седум години и едно во деветтто одделение на возраст од 15 години. Училиштето се грижи за децата и нивното вклучување во секојдневните активности и за нива социјализација. Акцентот се става за подобрување на нивната моторика и за нивното описменување, математика. Имаме програма од Бирото за развој на образование според која работиме. Се трудиме да ги приспособиме програмите според индивидуалните способности. децата бараат поголема ангажираност. Потребно е приспособување на програмите. Јас работам со децата од втопро одделение. Треба да се намалат целите. конкретно, во трето одделение програмата е обемна, бара изучување на ракописни букцви и латиница што е многу за децата па затоа треба поедноставување на програмските активности, објаснува Андоноска.

Мира Митреска е родител-старател на дете со даунов синдром на возраст од 11 години. Вели, кај неа е уште од бебе и за него веќе се грижи 10 години. Се грижи и за дете со аутизам. Најбитна е љубовта која треба да се брои, а не хромозомите.

– Најбитни се грижата, секојдневно, и њубовта која им се дарува на децата со даунов синдром. Работиме секојдневно во сите активности сме вклучени. Задоволна сум од наставникот во училуиштето, зашто се труди несебично. Но, во се најбитно е да се пружи љубовта со која може да се постигне се, вели митреска.

По повод светскиотден на децата со даунов синдром Детската амбасада за сите деца во светот изработи украси и денеска другите деца ги купуваа во хумани цели.

– Украсите ги изработија децата од детската амбасада во текот на вчерашниот ден. денеска нивните другарќиња ги купуваат, а парите собрани од акцијата се наменети за потребите на децата со даунов синдром, вели Александра Северкоска Стојаноски извршен директор на детската амбасада за сите деца во светот.

Прилепската локална самоуправа се вклучува и ги поддржува активностите за децата со даунов синдром.

– Многу е битно да ја дадеме сесрдната поддршка на децата со даунов синдром и тоа го правиме, а може да се смета на нашата поддршка и во иднина, вели Тони Камчески член на прилепскиот совет.

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он