Во Прилеп одбележан Меѓународниот ден на лицата со инвалидност

Од:

По повод Светскиот ден на лицата со инвалидност 3-ти декември делегација од општина Прилеп и Совет на општина Прилеп денеска го посети Дневниот центар за деца со посебни потреби „Ѕуница“, каде на дечињата им подарија училишен прибор.

„Како вистински репрезент функционираме веќе 15 години. На децата кои се сместени овде им даваме топлина, дом, храна. Им благодариме на сите оние кои ни помагаат и не поддржуваат во изминативе години. Заедно со Локалната самоуправа, Министерството за труд и социјала започнавме разговори околу отварање на дневен центар за возрасни деца каде би се анимираме според нивните можности и приоритети, посочи Живко Силјаноски директор на Центарот за социјални работи во Прилеп.

Снежана Јошеска, социјален работник во Дневниот Центар за деца со посебни потреби „Ѕуница“ посочи дека Центарот го посетуват 17 дечиња од кои 5 од нив се сместени во згрижувачки семејства, а 12 се дечиња од биолошки семејства, стручниот кадар ги задоволува потребите, а ние имаме изработено план и програма за секоја група.

Децата од Дневниот центар „Ѕуница“ денеска одржаа пригодна приредба заедно со изведничкиот дом Феникс. Директорот на Центарот Живко Силјаноски на сите учесници и поддржувачи на „Ѕуница“, им подари благодарници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Попоски: На Прилеп му се случува невидена градежна офанзива, ама неа се уште никој не ја видел

Горан Наумовски

Во Прилеп свечено отворен 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

Предраг Петровиќ

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Маж падна во провалија, со тешки повреди згрижен е во прилепската болница

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница