Во Прилеп одбележан Денот на сеќавањето

Од:

Со оддавање почит, полагање свежи цвеќиња и со панихида за загинатите руски војници од Првата светска војна пред спомен-плочата и крстот на Германските гробишта во Прилеп беше одбележан 1 август, Денот на сеќавањето.

Сеќавањето е во организација на амбасадата на Руската Федерација, во соработка со прилепската локална самоуправа и со здружението на македонско-руско пријателство. На поменот присуствува и делегации на прилепската локална самоуправа, на АРМ, на Министерството за одбрана.

Според амбасадорот на Руската Федерација Олег Шчербак, со Денот на сеќавањето кој се одбележува во цела Русија за сите загинати руски војници во Првата светска војна „се сеќаваме и на сите загинати од таа војна која се уште е во меморијата на денешните генерации, како опомена дека проблемите меѓу народите не се решаваат со војна“.

– Денес се собравме пред споменикот на десетте руски војници кои загинаа во Првата светска војна, тука, на македонската земја. Сеќавањата за Првата светска војна се уште се чува кај денешните генерации. Тоа беше голема трагедија зашто загинаа 40 милиони луѓе од цел свет, од кои осум милиони се мои сонародници. Им оддаваме почит на сите загинати. Ова е прилика да сфатиме дека војната не може да биде инструмент за решавање на проблемите меѓу народите. Светот треба да го брани, да го штити и да го чува, рече амбасадорот Шчербак.

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај