Во Прилеп ќе се гради трговски центар

Од:

Деловно-трговски објект на површина од околу 1.600 метри квадратни ќе се гради во центарот на Прилеп.

Плацот е продаден за 400.000 евра на електронска аукција, а засега инвеститорот останува тајна. Од локалната самоуправа информираат дека еден квадрат е продаден за 15.500 денари, инаку седум пати повисока од почетната цена, која изнесуваше 2.250 денари, пишува „Дневник“.

Според весникот, се водела жестока битка во наддавањето на три македонски компании, од која едната успеала да плати највисока цена.

Плацот е на просторот на покриениот пазар за продажба на млечни производи, кој ќе се урива за да се изгради деловно-трговскиот центар со приземје и два ката и подземна гаража со површина од околу пет илјади квадратни метри. Дел од деловниот просторот треба да му припадне на јавното претпријатие „Пазари“. Инвеститорот за една година ќе изготви проект, а објектот ќе го гради максимум шест години.

Би можело да ве интересира

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница

Истрага за 50-годишен прилепчанец за обид за убиство на социјален работник

А1он

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Тешко ранета е вработена во прилепскиот Центар за социјални работи

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Китаноски: Борче Јовчески ќе остане запаметен и по расипничкото и неодговорно трошење на парите на граѓаните