Во Прилеп излезеноста до 13 часот 40 проценти

Од:

До 13 часот во Прилеп на гласање на претседателските и на парламентарните избори излегле 40 отсто од избирачите, во Крушево на претседателските 40,89 отсто, а за избор на пратеници гласале 42,17 отсто од гласачите.

Во Кривогаштани до 13 часот одѕивот за двата изборни процеса е 34 отсто, а во општина Долнени за претседателските одѕивот е 20,32 отсто, а за парламентарните 23,32 проценти.

Од општинските изборни комисии информираат дека мирно и непречено се одвива изборниот процес и во попладневните часови во сите четири општини – Прилеп, Кривогаштани, Долнени и во Крушево.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226