Во Прилеп формиран Граѓански парламент

Од:

Новиот градоначални на Прилеп Илија Јованоски денеска по применото решение од ОИК за градоначалник и примопредавањето на функцијата од поранешниот градоначалник Марјан Ристески, одржа средба со граѓанските здруженија и занаетчии, како и со граѓани кои ќе го сочинуваат Граѓанскиот парламент. Функција на Граѓанскиот парламент ќе биде да предлага, а општината да ги разгледува идеите и решенијата за одредени проблеми на градот.

– Граѓанскиот парламент ќе функционира како тело со претставници од сите области и барем еднаш месечно ќе се состанува. Предлозите и идеите сериозно ќе се разгледуваат и ќе се поставува приоритет за нивна реализација. Стручни лица ќе оценуваат како може да се рализираат и со каква финансиска конструкција. Но, уште сега може да кажам дека приоритет во градот ќе имаат водоснабдувањето и инфраструктурата, рече Јованоски.

За утре е закажана конститутивната седница на Советот на општина Прилеп на која што ќе бидат верификувани 27-те мандати на членовите на Советот. СДСМ и коалицијата освои 15, а ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат 12 советнички мандати. На седницата ќе биде избран и новиот претседател на Советот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Попоски: На Прилеп му се случува невидена градежна офанзива, ама неа се уште никој не ја видел

Горан Наумовски

Во Прилеп свечено отворен 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

Предраг Петровиќ

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Маж падна во провалија, со тешки повреди згрижен е во прилепската болница

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница