Во Прилеп две лица повредени при пукање со огнено оружје

Од:

Две лица се повредени при случај со пукање од огнено оружје во угостителски објект во Прилеп. На двете лица им е укажана медицинска помош во Прилепската болница, а полицијата трага по сторителите.

Како што информираат од МВР, рано утринава околу три часот во Секторот за внатрешни работи Битола било пријавено дека во угостителски објект во близина на железничката станица во Прилеп имало пукање од огнено оружје.

-Прилепски службеници излегле на местото на настанот каде биле затекнати две лица, едното со иницијали М.М.(43) од Прилеп и вториот со иницијали О.И.(28) од селото Лажани, Прилепско, со повреди на главите. Тие биле пренесени во Клиничката болница Прилеп каде им била укажана помош, наведуваат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп. Се уште се трага по сторителите за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

Спречена трагедија во Нови Пазар: Нарача убиство од затвор, егзекуцијата e спречена во последен момент

ВИДЕО: Масовна пукотница на парада во Луизијана: Mногу повредени, потрагата е во тек

Пет лица се повредени во пукотница во Берлин

Пукање во Чешка: Двајца убиени, четворица ранети во градот Хрибска

Пукање во Будва, убиен е член на Шкаљарскиот клан

Горан Наумовски

Седум полицајци повредени во антитерористичка операција во Турција