Во претрес пронајдени 30 килограми марихуана, притворени двајца тетовци

Од:

Во претрес на куќа во тетовското село Јажинце на Е.М. (52) биле пронајдени 29 пакувања со марихуана, завиткани со најлонска фолија со тежина од околу 30 килограми, дигитална вага, еден куршум калибар 7,62 милиметри, две зрна од непознат калибар со ралична големина и мало најлонско ќесе со хашиш.

Пронајдените предмети со потврда биле одземени и предадени на вештачење, додека, пак, Е.М. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.

По целосно расчистување на случајот, против Е.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Исто така, вчера, врз основа на претходно добиена судска наредба, бил извршен претрес и во дом и помошни простории на М.С.(39) во Тетово.

Притоа биле пронајдени два пиштола, кои тој ги поседувал без дозвола, едниот марка „валтер П99“ со рамка со пет куршуми, калибар 9 милиметри, а другиот „застава“ со рамка со седум куршуми, калибар 6,35 милиметри.

По ова, М.С. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец