Во пресрет на Рамазан, кризниот штаб на Маврово и Ростуше на средба со имамите од џамиите

Од:

Кризниот штаб за справување со корона вирусот при Општина Маврово и Ростуше, со кој раководи градоначалникот Медат Куртовски, доцна попладнево имаше работна средба со имамите од џамиите во населените места од оваа општина.

На средбата, според Куртовски, разменети се мислења околу општата состојба како на локално така и на централно ниво, за важноста од почитувањето на мерките и препораките кои се донесени од Владата на Република Северна Македонија како и ставот на Ријасетот на Исламската верска заедница по истите.

Додава дека од страна на имамите била потенцирана важноста на светиот месец Рамазан за муслиманите, за обврските и обичаите кои произлегуваат од овој значаен масец за сите муслимани.

-На крај се дојде до заклучок, дека сите граѓани на РСМ, односно сите жители на општина Маврово и Ростуше треба да продолжиме да ги почитуваме мерките и препораките донесени од страна на Владата, се со цел сите заедно да помогнеме да го заштитиме здравјето на сите нас, без никаков исклучок. Зашто најважно е здравјето на сите луѓе, без разлика на нивната верска, национална или друга припадност, посочи Куртовски.

Светиот месец Рамазан почнува на 24 април.

Деновите ИВЗ преку соопштение објави дека во текот на месецот на постот, секој ден во џамиите ќе бидат присутни имамот, муезинот, претседателот на одборот на џамијата или еден од членовите на одборот, со цел да се биде во постојана врска со верниците, кои молитвата ќе ја клањаат во своите домови.

– Во текот на месецот Рамазан, во секое време на намазот ќе се учи езан, додека по пладневниот намаз ќе се чита мукабеле, по можност да се слуша и надвор од џамијата, соопшти ИВЗ.

Имено, во општина Маврово и Роступше, иако е соседна општина на Дебар кој беше прво жариште на коронавирусот во земјава, за среќа нема ниту заразени, ниту сомнителни случаи. Моментно во самоизолација се само три лица, кои претходно беа во државен карантин по пристигнувањето од
Германија.

Би можело да ве интересира

Да се остранат возилата на патот скијачки центар Маврово – Бунец преку Никифорово и Леуново повика „Македонија пат“

На Попова Шапка 64 сантиметри снег, во Маврово 57, а во Крушево 36

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

Сообраќајот околу Мавровско езеро е нормализиран, уверува СВР Тетово, од Бунец до Леуново наизменично се пропуштаат возила

Катерина Ѓуровски

Огромна колона возила со часови заглавена кај Маврово

Катерина Ѓуровски

Слаб снег провејува во Пoпова Шапка, на планинскиот превој Стража и Маврово

Горан Наумовски