Во празничните денови, студени утра, сончеви денови

Од:

Времето утрово е студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност.

Како што соопшти УХМР, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2 степени, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени Целзиусови.

Во Скопје утрото студено, преку денот сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Во следните денови ќе преовладува стабилно време со слаб до умерен јужен ветер. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст, а по одделни котлини ќе има појава на магла и пониски температури. Локални врнежи од дожд со слаб интензитет се очекуваат помеѓу вторник и среда.

Би можело да ве интересира

Дожд денеска и утре, од недела потопло

Облачно со дожд, на повисоките места и снег

Циклон носи обилни врнежи од дожд, ветер и снег на планините

Облачно со дожд и заладување до петок, на планините снег

Пред нас е врнежлива седмица

Локални врнежи од дожд, снег на планините и пад на температурите

А1он