Во пожар во Велес изгоре човек

Од:

Во куќа на улицата „Васа Кошулчева“ брoj 2 во Велес утрово во 5:10 часот пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) пронашле изгорен човек. ТППЕ за опожарената куќа добила повик утрово во 5:10 часот. Горела соба од куќата, каде што е и пронајдено изгореното лице.

Смртта на лицето за МИА ја потврдија и од Брза помош кои информираа дека кога дошле на местото на настанот нашле изгорено лице.

Како што информира за МИА Славица Панова од службата за Брза помош која во 5:20 часот била повикана на местото на пожарот, само била констатирана смрт кај лицето.

-Засега не се знае идентитетот на лицето, тоа дополнително во текот на денот треба да го утврдат екипа од Крим техника на СВР Велес, јавен обвинител и лекар од Брза помош, рече Панова.

Би можело да ве интересира

Скопјанец истепал малолетничка зошто во кино му го удирала седиштето

Катерина Павлова-Николовска

Лажел дека е сопственик на рент а кар фирма, земал гуми од сервис, ништо не платил

(ВИДЕО) Уапсени кумановци и кратовци, криумчари на мигранти: Биле дел од меѓународна група, им земале од 2000 до 4000 евра

Лудуваат на автопат: На Скопје-Тетово возеле со 227 и со 214 километри на час

Возачот кој ја предизвика сообраќајката кај Штип бил во алкохолизирана состојба

Ана Ололовска

Трета жртва во сообраќајката на автопатот Штип-Миладиновци, почина и 37-годишна жена

Катерина Павлова-Николовска