А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во пожар во делчевско изгоре 40 хектари млада борова сума

by А1он23/03/2017 - 12:56155
Share0

Во пожарот кој беснееше вчера попладне во месноста В’ко во атарот на селото Драмче во Делчево, изгореа 40 хектари млада борова шума.

Добивај вести на вибер

Од Територијалната протипожарна единица Делчево денеска информираат дека пожарот кој бил пријавен вчера по 14 часот бил локализиран по полноќ, а во гаснењето учествувале екипи на ТППЕ Делчево, ЈП Македонски шуми, подружница „Голак“-Делчево и месно население.

– Условите за гаснење на пожарот беа многу тешки. Сувата вегетација и ветерот придонесоа за брзо ширење на пожарот кој со натчовечки напори успеавме да го локализираме и не дозволивме да се прошири до граничната линија со Бугарија, рече Јонче Атанасов, командир на ТППЕ Делчево.

Јордан Димитровски, директор на ЈП Македонски шуми, Подружница Голак, потенцираше дека направени се милионски штети, кои допрва ќе се утврдуваат.

– Поголем дел од дваесетгодишната борова шума е во државен имот, мал дел е во приватен. Но, мора да напоменам дека штетите не се бројат само со изгорената дрвна маса, туку и во многубројните општокорисни функции кои ги дава шумата. Штетата е огромна, овде беше млада борова шума. Затоа апелирам до сите граѓани да внимаваат, кога ги палат стрништата, бидејќи сушниот период оди во прилог за брзо ширење на пожарите, рече Димитровски.

Според првичните информации од надлежните, причината за пожарот е човечки фактор и најверојатно од невнимание, односно пожарот почнал од подножјето на шумата од запалено стрниште и брзо се проширил нагоре по планината зафаќајќи огромни размери на шумска површина.

delcevopozar

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски04/04/2026 - 14:1004/04/2026 - 14:10

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он28/03/2026 - 10:2428/03/2026 - 10:42

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:47

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Горан Наумовски20/03/2026 - 14:09

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Катерина Ѓуровски13/03/2026 - 11:15

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

Горан Наумовски12/03/2026 - 15:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто