Во пожар уништени домовите на четири семејства во социјалните бараки во прилепски Варош

Од:

Во голем пожар 11 жители останаа без своите домови. Денеска целосно изгореа четири социјални бараки во населбата Варош под Марковите кули. Пожарникарите и жителите во последен момент спасуваа човечки животи од огнот. Спасени се две неподвижни лица, а меѓу несреќните има и три деца од кои едно седумесечно бебе. Сите се во добра состојба.

– Излегов надвор, да ја мијам колата, видов чад, видов дека гори кај соседите, Третата барака, лепенка, гореше. Отидов, да викнав во лепнката, бараката до нас,децата беа сами, ги извадовме децата. Се сетив кај соседите да го извлечат неподвижниот сосед, сам беше во просторија. И татко ми е неподвижен, и него требаше да го извлечат. Пожарната дојде веднаш, скршија, го извлекоја неподвижниот сосед, и татко ми беше извлечен, и гаснеа. Сето што беше до нив, направија, ама ние изгоревме, со вознемиреност раскажува Ангела Китаноска.

Тони Лоџев не бил дома, ама разбрал и е благодарен дека го спасиле татко му. Сега петчленото семејство е на улица и му треба помош.

– Не бев дома, додека дојдов ми кажаа дека го извлекле татко ми. Сето е уништено. Ние пет члена останавме на учлица. тешко е. Не сме мочни. Ни треба помош. Сега сме без ништо, вели Тони Лоџев.

Речиси два часа над 10 пожарникари со неколку возила го гаснеа пожарот кој бил пријавен околу 10:30 часот. Сомнежот е во спој на апарат за акумулатори, но не е потврдено. Социјалните бараки се над 20 години, ова не е прв пожар, а страдале и од гром.

Локалната самоуправа најави помош. Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски вели дека семејствата ќе бидат привремено згрижени.

– Сакаме да помогнеме. Ќе ги сместиме во институциите, а потоа локалната самоуправа материјално ќе помогне, а ќе направиме логистика за и другите да помогнат, изјави Јованоски кој го посети местото на трагедијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Кривична за криминална група од Прилеп за трговија со дрога и перење пари

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија