Во пожар изгоре куќа во Неготино, нема повредени

Од:

Во пожар изгореа покрив и кат од куќа синоќа околу 20:30 часот во Неготино. Во гаснењето интервенирале две противпожарни возила и пет пожарникари.

– Пожарот беше пријавен околу 20 часот и 30 минути. Со две противпожарни возила и пет пожарникари интервениравме околу два часа. Пламените јазици ја уништија покривната конструкција чиј таван не беше од тврд материјал туку од трска. Откако се урна покривна конструкција, таа уништи и дел од покуќнината. Морам да нагласам дека имавме и тежок пристап до запалениот објект бидејќи тој се наоѓа малку подалеку од улицата која води до него, информира денеска командирот на територијалната противпожарна единица од Неготино Иле Илиев.

Илиев вели дека се утврдуваат причините за пожарот и висината на материјалната штета.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Пожарот се приближува до куќите кај Трново – минско поле го спречува гаснењето

Горан Наумовски