Во потрагата по Вања пребарувано е коритото на Вардар, подруми во околината, контактирани се цркви и манастири

Од:

Сите профили кои објавуваат лажни вести се детектирани, кажа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прашање за исчезнатата Вања Ѓорчевска од Скопје, по која се трага веќе петти ден.

„Дел се повикани во полиција, каде што ќе се утврди дека ја загрозуваат истрагата и ќе се преземаат мерки заедно со обвинителството“, рече Спасовски.

Тој посочува дека е формиран посебен штаб заедно со родителите, семејството и соучениците на исчезнатото 14 годишно девојче. Во потрагата, пребарувано е коритото на Вардар, а пребарани се и подруми во околината и контактирани се цркви и манастири

„Вклучени се неколку стотини полицајци кои исклучиво работат на потрага. Целото раководство на секторот е насочено да се најде девојчето, преземаме опсежни мерки. Ги користиме сите капацитети на јавна безбедност. Прегледани се преку 50 камери, се проверува и Сејф сити, а преземени се сите податоци од телеком операторите“, рече Спасовски.

Тој посочи дека се сослушани десетици лица со цел да се добијат информации, а полицијата има земено и електронски уреди кои во моментот се вештачат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Трагедијата со автобусот на „Беса Транс“ можеби ќе беше спречена ако Спасовски реагираше на време

Кривична пријава за Оливер Спасовски за станицата во Сарај каде технички преглед правеле автобусите на „Беса транс“

Катерина Ѓуровски

Спасовски: Игнорирањето е најлош можен пристап кон семејствата на загинатите

Спасовски: Без трошка емпатија, ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Анкетна комисија за Кочани

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Спасовски ургирал во СВР Штип за да се спаси газдата на „Пулс“, што крие ЈО и дали Коцевски го штити Спасовски?

Спасовски: Со одбивањето на амандманите, власта покажува дека нема слух за основните проблеми на граѓаните

А1он