Во последниот полициски час 10 лица приведени во Тетовско

Од:

Непочитување на полицискиот час се бележи воТетовско и во последната ноќ од примената на мерката. Евидентирано е дека 10 лицa (ТЕ-10) не ја почитувалe одлуката за ограничено движење.

– Лицата биле лишени од слобода и против нив ќе бидат изготвен соодветни поднесоци за „непостапување според прописите за време на епидемија“ односно според член 206 од Кривичен законик. Прекршочна постапка за „непостапување според прописите за време на епидемија“ односно за некористење на заштитна маска е поведена за 60 лица во тетовскиот регион, соопшти СВР Тетово.

Регистрирани се 10 нови лица кои се во изолација со решение од Државен санитарен инспекторат, а биле контролирани вкупно 181 лице.

Решенија за самоизолација потпишале три нови лица од Тетово, додека биле контролирани седум лица од Тетово, при што не се констатирани прекршувања на правилата за изолација и самоизолација.

Би можело да ве интересира

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Воведен полициски час во регионот на Одеса

А1он

Полициски час и забрана за музика во угостителските објекти во Солун, Халикидики и во уште девет грчки региони

А1он

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска