Во пораст бројот на пациенти со Ковид-19 во велешката болница од први јануари до денеска

Од:

Во велешката Општа болница се хоспитализирани вкупно 38 пациенти, од кои, 28 се позитивни на Ковид 19 и 10 пациенти се со негативен тест, но, задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 16 пациенти, информира портпаролот д-р Елеонора Јованова.

Јованова дополнува дека на Инфективното одделение има 37 пациенти, додека, интерно, еден пациент кој се лечи по прележан Ковид 19.

На 1 јануари оваа година, во велешката болница имаше 26 пациенти од кои 19 потврдени, два сомнителни и пет со негативен тест но задржани на болничко лекување. Тогаш, на кислородна поддршка имаше 10 пациенти, што е за шест пациенти помалку, споредено со денешниот ден, кога се вкупно 16 пациенти.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски