Во понеделник, десеткатницата на Водно повторно пред советниците на Центар

Од:

Во понеделник, на 4. август, советниците на општина Центар повторно ќе расправаат за двата спорни ДУП-а, од кои едниот е изградба на десеткатница на Водно. А1он дознава дека претседателот на Советот Мирослав Шиповиќ ја потпишал одлуката за седницата во петокот, откако решенито му било однесено на потпис на местото каде што се одмара.
centar sipovic

Шиповиќ го испочитува 15 дневниот рок за закажување на седницата, бидејќи градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски не ги потпиша плановите, со оглед дека се спротивни на Законот за локална самоуправа. ДУП-овите беа изгласани со гласовите на 11 советници од вкупно 23, а спред законот, прописите се носат со мнозинство гласови од вкупниот број советници. И министерот за локална самоуправа, од редовите на ДУИ беше јасен дека двата ДУП-а не се изгласани.

Сега од гласот на Шиповиќ ќе зависи дали десеткатницата на Водно ќе добие виза за изградба или нема. Доколку тој остане на ставот да гласа повторно против, плановите нема да поминат, но доколку го промени ставот и се приклучи кон мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш со неговиот глас ќе плановите ќе бидат полноважни.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски