Во Полошко откриени 10 непријавени странски државјанки

Од:

Десет странски државјанки на возраст од 19 до 38 години кои непријавено претстојувале биле затекнати при ноќешната акциска контрола на полицијата на три угостителски објекти во Полошко, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци, акциската контрола била спроведена ноќеска од полноќ до два часот по полноќ и при тоа во угостителскиот објект (УО) Ерди бос во Желино биле откриени четири државјанки на Албанија, две албански државјанки биле откриени при контролата во УО Нота во Чегране, додека при контролата на УО Виена во Гостивар биле откриени четири државјанки на Србија. Контролирани биле уште два УО, по еден во Гостивар и Боговиње, но тука немало странски државјанки.

– Под сомнение дека десетте странски државјанки го злоупотребиле туристичкиот претстој, односно дека работели како пејачки и танчарки и на други начини ги забавувале гостите тие биле приведени и кусо задржани во полициските станици во Тетово и Гостивар по што биле предадени за понатамашна постапка на Отсекот за прекуграничен криминал, миграција, странци и реадмисија, посочи Јосфовски.

Ноќешната акција, како што рече, е дел од постојаните активности на СВР Тетово за откривање и законско санкционирање на странските државјни кои непријавено претстојуваат и работат на подрачјето, но и откривање на нивна можна вклученост во трговија со луѓе и други криминални дела.

Би можело да ве интересира

Конститутивна седница на Советот за развој на полошкиот регион, Касами избран за претседател

А1он

Нуредини и Сахакијан на средба за проектот за подобрување на отпорноста на поплави во Полошкиот регион

А1он

Животни на патиштата во Полошко предизвикале 52 сообраќајки за осум месеци

Наум Локоски

Пребрзо возење и погрешно паркирање најчести прекршоци во Полошко

Наум Локоски

Две компании пријавени за концесионирање со Полошката депонија

Емир Латифовиќ