Во полошките локали годинава откриени 112 странски и 53 македонски државјанки

Од:

Во 25 полициски контроли во локали во Полошко, годинава биле откриени 112 странски и 53 македонски државјанки, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци, акциските контроли имале за цел откривање на странски државјанки кои непријавено или спротивно на туристичкиот престој се во регионот, но и нивна можна вклученост во трговија со луѓе или оддавање на проституција.

Од откриените странски државјанки 65 биле од Албанија, 35 од Србија, осум од Косово и по една од Црна Гора и од Бугарија.

Според Јосифовски против најголем дел од нив биле поднесени соодветни поднесоци и изведени пред судии за прекршоци во основните судови во Тетово и Гостивар и по изречените парични казни тие биле депортирани во матичните земји, а им биле определени и казни забрана за влез во Македонија од една до пет години.

Девојките и жените откриени во овие контроли биле на возраст од 19 до 40 години и биле ангажирани како пејачки, танчарки и забавувачки на гостите во локалите низ полошко.

Според портпаролот на СВР Тетово споредено со пред пет до шест години, бројката на откриени странски државјанки се намалува. Исто така се забележува промена во однос на потеклото на жените бидејќи претходно најголем дел ваквите странски државјанки доаѓале од Молдавија, Бугарија и Украина за сега најбројни да се од Албанија и Србија.

Би можело да ве интересира

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи

МВР: Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

Приведени полицајци во врска со пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он

Обновување на форензички софтвер, нема набавка на „софтвер за шпионажа“, реагира МВР

Катерина Ѓуровски