Македонската полиција, во рамки на продолжението на акцијата „Диригент“, во соработка со австриската и германската служба за борба против дрога, вчера изврши претреси кај 18 лица, од кои кривично се пријавени 16, а по 4 лица се уште се трага.
Како што соопшти на денешната прес – конференција министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска обезбедени се доакзи за инволвираност во недозволена трговија со херион за 43 лица, а запленети се вкупно 13,5 килограми хероин, околу 2 килограми кокаин. Во Австрија се уапсени 18 лица, а запеленти се 10 килограми хероин, а оебзбедени се и дополнителни предмети и пари при извршување на претресите.
Директорот на Бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски појасни дека во Македонија се работи за три криминални групи од Скопје, Арачиново, Велес и Куманово. Македонските организатори регрутирале млади лица кои не и се познати на полицијата, а потекнуваат од чесни семејства, ги обучувале и потоа најчесто со бугарски патни исправи ги испраќале во Виена каде им давале задачи.
Директорот на австриската полиција Франц Ланг нагласувајќи ја високата професионалност на макеоднската полиција, меѓу другото потенцира дека вакви големи операции кои завршиле со големи резултати немале дсоега со ниту една држава од Југоисточна Европа. Најави дека соработката ќе продолжи.
На прес – конференцијата беше појаснето дека во последната фаза од „Диригент“ од септември до декември македонската полиција требаше да обезбеди докази за наркогрупи кои оперираат на нарко пазарот во Виена и главно работат со хероин.