Во Петровец првпат се гради канализациска мрежа

Од:

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Петровец Борче Митевски денеска беа на увид на местото каде се гради канализациска мрежа во оваа општина, во должина од два и пол километри.

– Ова е прв зафат за изградба на канализација во општината Петровец. Се работи за канализациски систем од примарна и секундарна мрежа. Инвестицијата е приближно околу 250 илјади евра, а овој систем ќе го користат околу 1.200 жители на Петровец. Ова е дел од програмата на градоначалникот на општина Петровец, кој Владата го поддржува, изјави министерот Јанакиески.

Градоначалникот Митевски потенцираше дека ова е остварување на едно од неговите предизборни ветувања.

– Прв пат во општина Петровец, односно населеното место Петровец, започнавме со поставување фекална канализација, која опфаќа околу 30 отсто од населеното место на Петровец. Ова е едно од моите предизборни ветувања, рече Митревски.

По завршувањето на првата фаза, како што додаде, општината има аплицирано за изградба на втората фаза, која ќе го опфати населеното место Аражаничино и дел од Петровец.

– Во тек сме на распишување тендер за изградба на третата фаза која ќе го опфати влезот на Петровец до центарот на Општината, нагласи Митевски.

Тој додаде дека ова е само почетокот и оти понатаму ќе се пристапи кон остварување на сите ветени дела од програмата за општина Петровец.

Би можело да ве интересира

Мртов маж бил донесен во Здравствена установа во село Петровец

Скопјанка нападната во хотел во Петровец од поранешното момче

СДСМ: Градоначалникот на Петровец осомничен за злоупотреба на половина милион евра

ВИДЕО: Канализација ја поплави Кисела Вода, пукна главната цевка на градилиште за нова десеткатница

Маја Илиевска-Пачемска

Отстранета бетонската база што ги загадуваше Петровец и околината

Во Петровец, братот на градоначалникот незаконски ископувал суровини, поднесена му е кривична