Во периодот на епидемијата на Ковид 19 – извршени 1771 операции на пациенти

Од:

Од почетокот на епидемијата со КОВИД 19 во земјата направени се 1771 операции кај пациенти на Хируршките клиники во комплексот „Мајка Тереза“, во Градската Општа болница „8 ми Септември“ и Стара градска болница, клиника за хируршки болести Св. Наум Охридски“ во Скопје, информира Министерството за здравство.

Во хируршките клиники во комплексот „Мајка Тереза“ во периодот март-мај е направена 1091 операција и тоа најголем дел на Клиниката за Трауматологија 175, на Абдоменална хирургија 216, на Клиниката за Торакална хирургија 89 операции. Вкупно 203 пациенти биле оперирани на Клиниката за Урологија, на Детска хирургија 90 пациенти, на Клиниката на неврохирургија 95, на Ортопедија 120 пациенти и на Клиниката за пластична хирургија 103 болни. Лекарите од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување кои во целиот овој период работат со полн капацитет, аплицирале 970 анестезии и направиле преку 1000 прегледи во нивната амбуланта, соопштува МЗ.

Како што вели Министерството, сите интервенции биле извршени по протокол за работа со суспектни пациенти, земени им се брисеви пред и по операцијата и користена е комплетна заштита како за пациентот, така и за медицинскит тим: операторот, анестезиологот и останатиот вклучен персонал.

Во Градската Општа Болница „8-ми Септември“ во Скопје, направени се вкупно 310 операции на суспектни и позитивни Ковид 19 пациенти.

Според типот на операции, информира МЗ, направени се 39 кардиолошки интервенции од кои 34 коронарографии со стентирања и поставени се 5 песмејкери. Од вкупниот број на кардиолошки пациенти, 37 од нив се влезени во сала за операција како суспектни, а двајца биле потврдени позитивни за ковид 19 вирусот. Извршени се 10 неврохируршки операции, 80 ортопедски и трауматолошки, 28 уролошки операции и 64 абдоминални интервенции.

На 13 пациенти им се направени операции во делот на уво, нос и грло, а оперирани се и 7 офталмолошки пациенти. Направени се вкупно 69 радиолошки интервенции и тоа биопсии, аблации, каротидографии, поставување на венски портови, пункции и многу други специфични радиолошки интервенции Сите оперирани пациентите се комплетно згрижени во соодветни изолациони центри, соопштува Министерството.

Во болницата „Св. Наум Охридски“ во Скопје во периодот март-мај направени се вкупно 370 интервенции: 116 трауматолошки, 60 онколошки, 90 итни абдоминални и 104 други општохируршки интервенции. Сите пациенти кои имале потреба од операција и интервенција во изминатиот период, биле соодветно згрижени и третирани согласно протоколите за работа.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска