Во периодот август-септември од Ковид-19 починале 1.033 лица, позитивни на вирусот биле над 32 илјади граѓани

Од:

Активни се 12.207 случаи во државава од кои најголем број 5.714 се во Скопје. Во Тетово има 951 активен случај, во Куманово 937, во Гостивар 497, во Охрид 491, во Кичево 411, во Струга 364.

Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, регистрирани се нови 525 случаи со Ковид-19 од 3858 направени тестирања. Пријавени се 18 починати лица, од кои 12 во изминати 24 часа, а шест со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“ се со датум на смрт во период од 22. август до 19. септември 2021. Евидентирани се и 449 оздравени пациенти.

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани од позитивни случаи со Ковид-19, во период од 6. август заклучно со 23. септември. За вакцинирани, како што се посочува, се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

– Во период од 6. август до 23. септември на територија на државата 32.818 граѓани се позитивни од тестирани на Ковид-19, од кои 22 отсто биле целосно вакцинирани, односно 7.248 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19. Според статистика за изминативе недели, 25.570, 78 отсто граѓани, од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 80 отсто, додека само 20 отсто од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата.

Во период од 6. август до 23. септември, како што се наведува во анализата, починале 1.033 лица со Ковид-19, 888 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а 14 отсто примиле вакцина.

– Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на „Модерна“ и „Џонсон“. Секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, посочуваат од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска