Во овој случај гледате мал престап и веднаш системот функционира, Мицкоски за членот на обезбедувањето кој ја истепа сопругата

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски во врска со случајот за семејно насилство за кое е обвинет член на неговото пошироко обезбедување денеска изјави дека овој случај е уште еден доказ дека законот важи подеднакво за сите и нагласи оти тој не толерира недисциплина не само во рамките на неговото обезбедување, туку и воопшто.

– Тоа е уште еден доказ дека законот важи подеднакво за сите, тука нема никаква дилема, така е и во овој случај. Тоа е втор случај за лице од моето обезбедување, каде што законот важи за сите, за разлика од минатото кога членови на обезбедување на претседателот тепаа граѓани, се изживуваа по дискотеки и минуваа неказнети. Во овој случај гледате мал престап и веднаш системот функционира. Тоа е уште еден доказ и така ќе продолжиме и во иднина. Јас не толерирам недисциплина, не само во рамките на моето обезбедување. За волја на вистината, тој е припадник на претходницата, која не ја гледам така често и за волја на вистината сопругата е ќерка на мој колега од факултет, изјави премиерот одговарајќи на новинарско прашање, по поставување камен темелник на доградба на ООУ „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром.

Член на поширокото обезбедувањето на премиерот Мицкоски, односно дел од т.н. претходница доби осум дена притвор по пријава за семејно насилство, откако неговата сопруга пријавила дека била физички нападната во семејниот дом.

Според билтенот на МВР настанот се случил во саботата, на 2 мај. Во 23 часот на 2 мај полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Р. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 37-годишна сопруга. Таа пријавила дека во семејниот дом била физички нападната, дека ѝ биле упатени закани и дека ѝ бил оштетен мобилниот телефон. Тој бил отстратенет од работното место.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации

(ВИДЕО) Мицкоски: Нема да отстапиме од македонските национални интереси, но и од стратешката цел – да бидеме дел од европското семејство

Горан Наумовски

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ

Мицкоски на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

Писмениот дел од правосудниот на мајчин, усниот на македонски, инсистира Мицкоски

Катерина Ѓуровски