Во организација на Самит100 промовирана новата фаза на проектот EDISON eCity

Од:

Непосредно пред почетокот на Европската недела на мобилност, овој викенд во Целје беше лансирана нова фаза на проектот EDISON eCity – еден од најзначајните регионални проекти во областа на еколошкиот транспорт. Настанот го организираше регионалната иницијатива Самит100 во партнерство со локалната власт на Целје и со Ротари клубовите од регионот.

Платформата Едисон настана во Словенија во 2015 година како резултат на хуманитарна иницијатива во која за потребите на деца со инвалидитет во рентакар-услугите беа воведени електрични возила, со што се воспостави првата еколошка економија на споделување – еден од најбрзо растечките светски економски трендови. Иницијативата беше претставена во рамките на Самит100 во Сараево, со план да се воведе електрификација на пат во должина од 2400 км, кој ги поврзува сите поголеми градови од регионот, од Љубљана преку Загреб и Белград до Скопје, Тирана, Приштина, потоа Дубровник, Сплит, Задар и Копар, а во април оваа година беше промовиран и проект еБелград. Минатиот викенд беа претставени првите резултати од платформата и беше лансирана фазата еЦелје, со која проектот Едисон го продолжува поврзувањето во рамките на регионот на Југоисточна Европа.

На промоцијата на новата фаза, во Целје, присуствуваше и европската комесарка за транспорт, Виолета Булц.

Еден од творците и главните придвижувачи на проектот е Изток Селјак, претседател на Управниот одбор на словенечката компанија „Хидрија“ , една од водечките европски компании од областа на автомобилската технологија, и потпретседател на Управниот одбор на Самит100.

– Се наоѓаме во епохален период на голема трансформација на општество кое ќе се базира на обновливи извори на енергија и економија на споделување и сите ние во регионот гледаме на тоа како феноменална можност како поврзан регион да ја искористиме можноста за брз раст. Проектот ЕДИСОН денес е препознатлив како еден од стратешки најважните проекти на еколошкиот транспорт во Европа, а ова го потврдува и денешното присуство Виолета Булц, рече Исток Селјак.

Настанот во Целје е една од активностите во рамките на регионалната иницијатива Самит 100, а во пресрет на неговиот шести регионален годишен собир, кој ќе се одржи во Скопје, на 16 и 17 октомври.

Самит 100 на бизнис-лидерите на Југоисточна Европа претставува единствена деловна иницијатива која ги обединува најистакнатите бизнис лидери од Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Косово и Албанија, со цел да ја позиционира регионалната соработка како приоритетна задача на дневниот ред на секоја Влада во регионот, кој ќе ја унапреди конкурентноста на националните економии и ќе го зајакне потенцијалот на Југоисточна Европа.

Оваа година во Скопје, овој настан ќе обедини повеќе од 150 бизнис и политички лидери од регионот, заедно со специјални гости од Европската комисија, Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), Европската инвестициска банка (ЕИБ), Норден, Светската банка, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и многу други, со цел идентификување на клучните проекти и новите договори за новота доба, во согласност со слоганот на Самит100.

Би можело да ве интересира

Oдбележување на Европска недела на мобилност во Скопје

Ана Ололовска

„Вело Родео“ по повод Европската недела на мобилност

Ана Ололовска

Големо велосипедско дефиле утре во Скопје по повод Денот без автомобили

Наум Локоски

Младинска мобилна конференција „Bike & Learn“

Наум Локоски

Манифестација „Движи се за здравје“

Ана Ололовска