Големо велосипедско дефиле утре во Скопје по повод Денот без автомобили

Од:

Градот Скопје ги поканува граѓаните на големото велосипедско дефиле што утре ќе се вози на градските улици по повод 22 септември – Денот без автомобили и крајот на Европската недела на мобилност 2017.

Ова традиционално дефиле ќе стартува во 10 часот од Порта Македонија и ќе продолжи по следната рута:

– Улица 11 Октомври до булеварот Кочо Рацин (се врти лево),
– булевар Кочо Рацин, булевар Крсте Мисирков (се врти лево),
– булевар Гоце Делчев се врти лево и се продолжува по булевар ВМРО (се врти десно),
– булевар Партизански одреди до булевар 8.Септември (се врти десно),
– булевар 8.Септември, се врти десно по булевар Илинден, до Градскиот парк, кај Школката,
– Дефилето на велосипеди ќе заврши со музички хепенинг, лотарија и дружење.

Градот Скопје ги информира граѓаните дека за времетраењето на велосипедското дефиле на посочените улици сообраќајот делумно ќе биде во прекин.

Би можело да ве интересира

Oдбележување на Европска недела на мобилност во Скопје

Ана Ололовска

„Вело Родео“ по повод Европската недела на мобилност

Ана Ололовска

Младинска мобилна конференција „Bike & Learn“

Наум Локоски

Манифестација „Движи се за здравје“

Ана Ололовска

Во организација на Самит100 промовирана новата фаза на проектот EDISON eCity

Ана Ололовска