Oдбележување на Европска недела на мобилност во Скопје

Од:

Во рамки на одбележувањето на Европската недела на мобилност денеска кај Школка во Градскиот парк ќе се одржи настан „Вело Родео“ во организација на здружението на граѓани „Еко Логик“.

Настанот е поддржан од Делегацијата на Европската унија во Скопје, а право на учество имаат учениците од 4 до 9 одделение од основните училишта кои имаат желба да возат велосипед и едукативно да се забавуваат.

Програмата вклучува едукативни игри како „Еко Не лути се човече“ (во реална големина), „Вело Меморија“ (мега верзија, карти и онлјан апликација), Еко квиз, Вело Маало,Твистер, покажување и унапредување на велосипедските вештини, творење во рамки на креативна работилница и други изненадувања и активности.

Поради пандемијата со Ковид-19, организаторите најавуваат дека настанот ќе се одржува согласно официјалниот протокол за организирање на јавни настани со целосно почитување на здравствените мерки.

Европската недела на мобилност, која традиционално секоја година се одбележува од 16 до 22 септември, годинава се одржува под мотото „Мобилност со 0 емисии за сите“.

Би можело да ве интересира

Еко настанот ,,Вело родео” во вторник во Пехчево

Ана Ололовска

„Вело Родео“ по повод Европската недела на мобилност

Ана Ололовска

Велосипедска тура во Чаир

Наум Локоски

Денот без автомобили одбележан и во Крива Паланка

Наум Локоски

Велосипедско дефиле во Скопје

Наум Локоски

Електромобилноста во фокусот на денешното одбележување на ЕНМ 2018

Наум Локоски