Во општините од југоистокот на претседателските избори право на глас имаат 38.856 граѓани

Од:

Општинските изборни комисии од Гевгелија, Валандово, Богданци и Дојран соопштија дека во недела, на претседателските избори, своето право на глас можат да го искористат вкупно 38.856 граѓани евидентирани во Избирачкиот список.

Најмногу, или 19.242 граѓани ќе гласаат во општина Гевгелија на 37 избирачки места со 36 избирачки одбори, бидејќи жителите од село Габрово ќе гласаат на избирачкото место во село Петрово.

Во општина Валандово правото на глас ќе можат да го искористат 9.952 гласачи на 24 избирачки места, во општина Богданци на 12 избирачки места ќе може да гласаат 6.765 граѓани, а најмалку или 2.715 граѓани се евидентирани во општина Дојран каде ќе се гласа на осум избирачки места.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?