Во општина Виница се асфалтираат улици во градот и во населените места

Од:

Во општина Виница во тек е изградбата на 12 улици за кои локалната самоуправа од сопствениот буџет издвои околу 11,7 милиони денари.

Еден од приоритетите на општинската власт е реконструкција на асфалтниот слој на улицата “Илинденска“ која е дел од главниот влез во градот, како и на неколку други сообраќајници во централното градско подрачје.

– Во изминатите неколку денови заврши асфалтирањето на улиците „Четврта Македонска бригада“ и „Јане Сандански“, а веќе се работи на комплетирање на придружната инфраструктура, по што ќе се постави нов асфалтен слој на уште четири улици во градот. Со инвестицијата ќе се изградат улици со вкупна должина од околу 1.600 метри, а ќе се санираат и оштетувањата на коловозот на неколку други сообраќајници, истакна Ивица Димитров, градоначалник на Општина Виница.

Заедно со изградбата на улиците во Виница, во тек се подготвителните работи за асфалтирање на сообраќајници во селата Лески, Блатец, Јакимово, Трстија и Градец со вкупна должина од околу 1.200 метри.

Според договорот што општината го има склучено со изведувачот на работите, комплетирањето на сите улици треба да заврши до средината на септември.

Би можело да ве интересира

Жена од Виница била нападната од нејзиниот зет

Двајца мажи и малолетници истепале жена

Горан Наумовски

МВР: 38-годишен маж од Виница починал во двор на познаник

Отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица во Виница

Горан Наумовски

Виница: Ја претепал, силувал и снимал 20 – годишната вереница

А1он

На улица во Виница се истепале три жени