Во Општина Штип партиите можат да доставуваат барања за бесплатно лепење плакати

Од:

Ограноците на политичките партии и независни кандидати за градоначалници и советници можат да достават барање за бесплатно лепење на плакати во Општина Штип.

Портпаролот на општината Драган Ристов рече дека Општина Штип врз основа на одредбите од Изборниот Законик ги информира политичките партии и коалиции за условите за добивање на места за истакнување на изборни плакати.

– Место за истакнување, може да добие секоја регистрирана политичка партија самостојно, коалиции како и група избирачи врз основа на одобрение од градоначалникот на Штип. За добивање на одобрение, подносителот на листата треба да поднесе барање до општината и да достави полномошно од овластено лице кое е заверено од подносителот на листата, рече Ристов.

Тој потенцира дека местата за истакнување на плакати, Општината ќе ги додели по пат на ждрепка и таа ќе се изврши по објавување на утврдените листи на кандидати од страна на надлежната изборна комисија. За денот на ждрепката, учесниците во изборите ќе бидат известени преку медиумите. Општината ќе го издаде одобрението за местата за истакнување на изборни плакати во рок од три дена од денот на оддржување на ждрепката.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он