Во Општина Кисела Вода се одржа новогодишна претстава

Од:

Денес во големата сала на Општина Кисела Вода се одржа новогодишна претстава за децата на вработените во Општината.

Воспитувачките од ЈДГ „Весели Цветови“ во чија изведба беше претставата со одличниот музички и драмски настап донесоа многу насмевки на лицата на децата.

По завршувањето на овој новогодишен настан децата ги израдува и Дедо Мраз кој на сите им додели новогодишни пакетчиња.

Претставата ја проследија градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски со семејството, секретарот Александар Алексовски и претседателот на Советот на Општината Дарио Шимиќ, се вели во соопштението на Општина Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

Општина Кисела Вода: Најостро ги демантираме сите изречени клевети од здружението „Стоп за Усје“

Манифестација „Спортист на годината“ во Општина Кисела Вода

Водоснабдувањето прекинато во дел од Кисела Вода

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на увид во реконструкцијата на објектот на месната заедница во Пинтија

Предраг Петровиќ

Кривична за пироман од Скопје – предизвика пожар во возило во Кисела Вода

А1он