Во Општина Кисела Вода се гради затворен пливачки базен и се реконструира трим патеката

Од:

Денеска градоначалникот Филип Темелковски и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски извршија увид во работните активности за изградба на затворен пливачки базен во училишниот двор на ООУ „Невена Георгиева-Дуња“, и на трим патеката во Општина Кисела Вода.

Како што информира Општина Кисела Вода, базенот кој го гради Агенцијата за млади и спорт ќе биде со широчина на корито 8,9 метри, должина 25 метри и длабочина од 0,8 до 1,2 метри. Габаритот на целиот објект е 31 x 21 м. Изградбата на базенот ќе чини 37.802.641 денари со вклучен ДДВ. Изведувач на градежните работи е фирмата Енерго инвест трејд – Скопје.

„По изградбата на училишниот базен кој на почетокот на минатиот месец почна да се гради во дворот на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, ќе се подигне свеста кај најмладите, а и кај останатите граѓани за водените спортови.

Воедно, во истовреме Агенцијата за млади и спорт во соработка со Општина Кисела Вода, во должина од повеќе од два километри врши градежни активности за проширување и целосна реконструкција на трим патеката, лоцирана покрај железничките пруги. И со оваа голема инвестиција, жителите на Кисела Вода конечно ќе добијат подобри услови за спортување, рекреирање, прошетки и дружба. Проектот за реконструкција на патеката е на Општина Кисела Вода. Додека се одвиваат градежните активности на трим патеката, Општината ги замолува граѓаните за трпение“, соопштуваат од Општината.

Би можело да ве интересира

Водоснабдувањето прекинато во дел од Кисела Вода

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на увид во реконструкцијата на објектот на месната заедница во Пинтија

Предраг Петровиќ

Кривична за пироман од Скопје – предизвика пожар во возило во Кисела Вода

А1он

Стаменкоска Трајкоска: Во изминатите четири години во Кисела Вода се работеше за народот, така и ќе продолжиме

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски